
Бугарските медиуми пишуваат за празните маркети на Крим. „Сега.бг“ пренесува дека голем број на основни продукти недостасуваат, а и оние што ги има се скапи.
Најголемата разлика е во цените на млечните производи. Најевтиниот кефир во Пуда е за 167% поскап – 150 рубли за литар на полуостровот наспроти 56 рубли во Краснодарската област. Белиот леб е повеќе од двојно поскап – 58 рубли наспроти 23 рубли во Краснодарската област (+131%), јајцата – 94,5 рубли за десет комада наспроти 38 рубли (+149%), зачините (+127% при купување мелена црвена пиперка), портокалите (+120%), тестенините (+119%) и грашокот (+102%). Хељдата (+88%), брашното (+85%), чајот (+83%), пилешките бутови (+83%), оризот (+80%), маргаринот (+75%), урдата (+74%), јогуртот (+67%), солта (+60%) и сончогледовото масло (+57%) се исто така значително поскапи на Крим.

Извор Сега.бг

Македонски



