Skip to main content

 Пешак тешко повреден на регионалниот пат Тетово–Скопје

На регионалниот пат Тетово–Скопје, кај селото Желино, вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 63-годишен пешак.

Од СВР Тетово информираат дека несреќата била пријавена на 15 август 2026 година во 12:50 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“, управувано од М.С. (33) од село Требош, и пешакот З.Е. (63) од село Желино.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести