Skip to main content

Недозволиво е поликлиника која опслужува 70.000 граѓани да биде без мамограф, вели Клековски за нефункционалниот апарат во „Букурешт“

Клучниот проблем е што потребната инвестиција ги надминува финансиските можности на Здравствениот дом – Скопје, а поликлиниката опслужува околу 70.000 граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостапноста на мамографските прегледи во период кога жените се повикуваат редовно да одат на превентивни прегледи, Клековски рече дека образложението за нефункционалниот апарат е незадоволително.

Образложението е прилично тенко. Набавката што е потребна за мамографот ги надминува можностите на Здравствениот дом – Скопје, односно ја надминува вредноста на самиот апарат. Ќе направам напор што поскоро да го ставиме во планот за набавки“, изјави Клековски.

Тој посочи дека досега се набавени 10 нови мамографи, при што приоритет имале здравствените установи надвор од Скопје, поради поголемите дијагностички можности во главниот град. Клековски најави дека проблемот во „Букурешт“ ќе се решава или преку набавката со Европската Унија, која треба да биде објавена овој месец, или преку посебна набавка.

Недозволиво е поликлиника која опслужува 70.000 граѓани да биде без мамограф“, порача министерот.

Поврзани вести