Skip to main content

Претставничката на Црна Гора за Мис Универзум „леташе“ двоглав орел

– Претставничката на Црна Гора на овогодинешниот избор за Мис Универзум, 22-годишната Марија Александра Ивезај, се најде во центарот на вниманието откако со рацете го формираше знакот на двоглав орел, препознатлив симбол на Албанија, за време на парадата на националните носии во Порторико.

Гестот предизвика бројни реакции, пред сè поради фактот што Ивезај настапува како официјален претставник на Црна Гора на меѓународниот натпревар, додека за време на презентацијата на националниот костим таа истакна симбол поврзан со друга земја.

Ивезај е од албанско потекло, а нејзиното семејство потекнува од Тузи, општина во Црна Гора со мнозинско албанско население.

Поврзани вести