Skip to main content

Проширен е капацитетот на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани за дополнителни 100 ученици

Министерство за образование и наука

Заврши изградбата на дополнителниот објект со четири нови училници и тоалети во склоп на основното училиште „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во скопски Бутел. Инвестицијата од 37 милиони денари обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука ќе овозможи во училиштето да се запишат дополнителни 100тина ученици од оваа општина.

Новиот објект денес во употреба го пуштија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Дарко Костовски.

Потребата за проширување на капацитети беше реална и како Влада, како Министерство во соработка со локалната самоуправа, тоа го овозможивме. Во објектот ќе се одвива целодневна настава за учениците од прво до трето одделение“, рече Јаневска.

фото: МОН

Додаде дека интенцијата на Владата е да го прошири концептот на едносменско работење и целодневна настава во што повеќе училишта во Македонија, заради бројните придобивки – поголема социјализација на децата, поголема концентрација за време на часовите наутро, повеќе наставни и воннаставни активности, а се намалуваат и трошоците за работа на училиштата.

фото: МОН

Од вкупно 1023 училишни објекти во земјава, повеќе од 620 работат во една смена. Во моментов, Министерството за образование и наука реализира 20 проекти за проширување на капацитетите на училишта заради воведување на овој концепт на работа во повеќе општини.

Поврзани вести