Skip to main content

Струмичанец уапсен за силување на 12-годишно девојче

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишија од слобода Ф.С.(21) од Струмица.

Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка. За настанот се известени јавен обвинител и Центар за социјални работи Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести