Skip to main content

Николовски: Нелегалната трговија со тутун ја сузбиваме со системски пристап

Нелегалната трговија со тутун ја сузбиваме со системски пристап, порача директорот на Царинска управа Бобан Николовски по заплената на еден милион парчиња цигари на ГП „Богородица“, вредни девет милиони денари. Ова, според Николовски, е уште една потврда за решителноста на Царинската управа во борбата против нелегалната трговија со тутун.

Aктивностите на Царината не завршуваат на границите. Дејствуваме на сите полиња, преку засилени гранични контроли, контроли на внатрешниот пазар и интензивни истражни дејствија. Градиме систем кој не само што го открива криминалот, туку активно работи на негово спречување и сузбивање. Континуирано, координирано и бескомпромисно ги штитиме финансиските интереси на државата и легалната економија!, порача Николовски.

Поврзани вести