Skip to main content

Посетители од градинката „Детска радост“ ја открија магијата на куклената уметност во Музеј на Македонија

Денес, во посета на Музејот на Македонија ни беа најмалите посетители од градинката „Детска радост“ и со голема љубопитност ја откриваа магијата на куклената уметност. За нас е особена радост кога најмладите ги откриваат световите на уметноста преку запознавањето со културното и сценско наследство. Ве покануваме да ја посетите изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ и да тргнете на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година, со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, изложбата го претставува кукленото творештво не само како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Автор на изложбата: Љубица Велкова

Куратор: Јасминка Намичева

Стручен соработник: Кирил Василев

Продукција: „Сенки и облаци“

Добредојдени се сите генерации затоа што приказните немаат возраст!

Поврзани вести