
Денес во Едукативниот центар во Музејот на Македонија во соработка со Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје, се одржа уште една работилница за моделирање со глина.
Нашите учесници ја покажаа својата креативност преку кротко и трпеливо обликување на глината, претворајќи ги своите идеи во вистински мали уметнички дела.
Ваквите средби нè потсетуваат колку е важна личната вклученост во создавањето на уметност која е медиум за поврзување и зачувување на духот низ процесот на созревање низ годините.

Македонски


