Skip to main content

ЕСМ ќе ја снабдува државата со струја и во 2027 година, цените 65 и 74 евра за мегават-час

nicole-kohler-from-pixabay

АД ЕСМ достави најповолни понуди на денешниот тендер на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за периодот од јануари до декември 2027 година.

Тендерската постапка беше спроведена во два лота, односно за 70 и за 30 отсто од вкупно потребните количини на електрична енергија.

За поголемиот лот, кој опфаќа 70 отсто од планираните количини, ЕСМ понуди цена од 65 евра за мегават-час, додека за преостанатите 30 отсто понудената цена изнесува 74 евра за мегават-час.

Од ЕВН Хоме информираат дека постапката била спроведена под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, согласно законските обврски и претходно утврдената методологија.

Во наредниот период, Универзалниот снабдувач ќе ја пресмета цената на електричната енергија врз основа на однапред утврдените влезни параметри.

Конечната цена по која домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја плаќаат електричната енергија во 2027 година сè уште не е утврдена.

Поврзани вести