
Зелен пазар во Скопје, како и дел од околните згради и објекти, веќе три часа се без електрична енергија.
Прекинот на снабдувањето со струја започнал околу 14 часот, а и по три часа сè уште нема официјално известување од ЕВН Дистрибуција за причината за прекинот, ниту информација кога се очекува дефектот да биде отстранет.
Информација за прекинот не може да се добие ниту преку контакт-центарот на компанијата, па граѓаните и трговците остануваат без одговор колку долго ќе трае прекинот и кога ќе биде нормализирано снабдувањето со електрична енергија.
Засега останува нејасно што го предизвикало прекинот и кога екипите на ЕВН ќе го санираат дефектот.

Македонски



