
67-годишен жител на селото Оризари е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово – Липково.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 17 октомври, околу 6:05 часот, во селото Оризари, во Општина Липково.
Патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.Р. од селото Липково, удрило во пешакот Д.Д. (67), жител на Оризари.
Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово.

Македонски

