Skip to main content

Тројца турски државјани приведени во Гостивар поради сомнение за нелегален престој

Freepik

Тројца државјани на Турција биле приведени во Гостивар поради сомнение за нелегален престој и злоупотреба на престојот во државата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициската акциска контрола била спроведена на 18 октомври, во 1:15 часот, во угостителски објект на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар.

При контролата, полициските службеници ги привеле Ч.М. (20), Ј.Ј. (39) и Х.К. (42), сите државјани на Република Турција.

Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосното документирање на случајот ќе следува постапка согласно законските надлежности.

Поврзани вести