
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 13 часот изнесува 20,50 отсто. Досега гласале 3.331 избирач, покажуваат податоците објавени на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците ажурирани на 18 октомври во 13:50 часот, во избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи, од кои обработени се податоците за 16.247.
На сите 24 избирачки места се обработени податоците за излезноста.
За споредба, до 11 часот излезноста изнесувала 9,11 отсто, кога гласале 1.480 избирачи, додека до 9 часот на гласање излегле 400 избирачи, односно 2,46 отсто.

Македонски

