Skip to main content

Mобилен телефон, полнач и марихуана пронајдени во кругот на затворот „Скопје“

Ќеса со мобилен телефон, полнач и марихуана била пронајдена во кругот на КПУ Затвор „Скопје“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во СВР Скопје од страна на затворската установа.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести