
Маж на 59-годишна возраст од Гостивар загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во селото Долна Бањица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Гостивар во 22:55 часот. Патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.
Во 23 часот, дежурен лекар констатирал смрт кај возачот.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Македонски

