Skip to main content

Малолетник со „мерцедес“ дел од сообраќајката кај Усје, има тешко повредени

Скопје1

Три лица се повредени, од кои двајца тешко во сообраќајката кој вчера се случи кај Усје.

Како што соопшти МВР, на 03.11.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести