Skip to main content

Почина српскиот митрополит Иринеј

На Институтот за онкологија Војводина во Сремска Каменица утрово почина митрополитот бачки Иринеј на 80 години, соопшти Бачката епархија.

Митрополитот бачки Иринеј Буловиќ беше роден во 1947 година во Станишиќ, како Мирко Буловиќ. Тој беше архијереј на Српската православна црква, теолог и универзитетски професор во пензија.

Со Бачката епархија управуваше од 1990 година, а од 2024 година беше архиепископ новосадски и митрополит бачки. Тој ја извршува функцијата администратор на Австриската епархија, а претходно ја извршуваше должноста викарен епископ моравички.

Поврзани вести