Skip to main content

„Правилото на пет часа“ за секојдневно учење го применува и најбогатиот човек на светот

Кога Илон Маск ја надмина границата од трилион долари нето-вредност на богатството, светот почна да бара објаснувања. За компаниите, за преземањето ризици, напорната и прекувремена работа. Но, се чини, во позадината на сѐ тоа се крие една навика, којашто трилионерот ја споделува со Ворен Бафет, Опра Винфри и Бил Гејтс, објави „Блинкист магазин“ (Blinkist Magazine).

Се работи за „Правилото на пет часа“: еден час дневно, а пет дена во неделата, целосно посветени на учење. Без состаноци. Без конкретни работни резултати. Само читање, размислување и усвојување идеи.

Просечно, на човек му требаат 10 часа за да прочита една книга. Со денешниот брз начин на живот, она што го имаме, честопати е само патувањето со автобус до работа. Тоа се обично 15-ина слободни минути, коишто обично се трошат гледајќи во телефонот и со популарното „скролање“ без конкретна цел.

За среќа, апликациите денес, како и ВИ-технологијата можат да го направат тоа „зјапање“ во екранот многу поделотворно и поплодотворно, се наведува во написот. Современата технологија ги претставува најбитните точки, или најмоќните идеи од една книга, во облик на „текстуални објаснувања“, за коишто потребни се само 15 минути да се прочитаат. Тоа опфаќа милиони книги објавени секоја година – и тоа не само новите бестселери, туку и помалку познати „ретки скапоцени камења“, стручни трудови, филозофски есеи, како и стари, безвременски класици.

Ете еден начин како да се пополни тој еден продуктивен час од „Правилото на пет часа“, советуваат стручњаците, којшто може и треба да си го посветиме себеси.

Поврзани вести