
Две лица се тешко повредени, а еден полесно при судир во скопската населба Ѓорче Петров синоќа.
Како што соопшти МВР, во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Стопански Двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17-годишник од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.М.(52) од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговиот сопатник Б.А., а со телесни повреди се здобил С.М. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски




