Skip to main content
Ден на албанското знаме

Качени на коњи со развеани албански знамиња дефилираа низ центарот на Тетово

Прославата на 28 Ноември – Денот на албанското знаме, беше проследена со дефиле на јавачи низ центарот на Тетово.

На видеото објавено од „Тетово инфо“ се гледа група млади момчиња на коњи, со албански знамиња на грбот, како се движат низ градските улици.

Јавачите поминале низ центарот на Тетово, а потоа се упатиле кон плоштадот „Маршал Тито“, каде што продолжило одбележувањето на празникот.

Поврзани вести