Skip to main content
ЈП „Македонија пат“:

Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на терен 

ЈП „Македонија пат“ информира

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која активно работи на патиштата низ државата, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите расположливи ресурси на терен активно работи во чистење на патиштата и создавање на услови за непрекинато одвивање на сообраќајот низ цела Македонија. Информираме дека се ангажирани сите дежурни екипи на сите критични превои. Исто така подготвена е цела механизација, потребен број на работници и обезбедни се потребните количества на сол и ризла со цел одржување на непрекинат и безбеден сообраќај – велат од ЈП „Македонија пат“. 
 

Од претпријатието упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот, да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзината според условите на патиштата, задолжително да поседуваат  зимска опрема и возењето да го прилагодат согласно временските услови на патот.

Поврзани вести