Skip to main content

Во угостителски објект во Охрид, затекнати руски државјанки со илегален престој во државата

Министерството за внатрешни работи информира дека при контрола во угостителски објект во Охрид се затекнати руски државјанки кои илегално влегле во државата за време на активна забрана за влез.

На 28 ноември во 00:30 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во содејство со мобилната единица „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, презеле мерки и активности во кабаре во Охрид, согласно претходно изготвен план.

При контролата, како што информира МВР, во објектот биле затекнати руски државјанки кои оствариле илегален влез во Македонија за време на активна забрана за влез.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци до Основниот суд во Охрид.

Поврзани вести