Skip to main content

Возеле без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол – петмина возачи приведени

Пет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Тројца од нив управувале возила без положен возачки испит – Е.А. (26) од Скопје, Р.Б. (27) од селото Сингелиќ и М.Н. (46) од Кичево. С.В. (38) од Виница бил затекнат како вози и покрај активната забрана, додека Р.А. (58), исто така од Виница, управувал под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

Поврзани вести