
На 28 ноември (сабота), 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Меко ткиво на Јана Куновска.
Насловот на изложбата е преземен од истоимената песна на српскиот поет Владан Миљковиќ и претставува метафора за човечката егзистенција. Ткивото е структура што поврзува, обединува и одржува, но истовремено е чувствително, ранливо и подложно на промени. Мекоста не сугерира слабост, туку можност за допир, сочувство и поврзаност со другите. Таа е невидливата материја што ги поврзува живите суштества и ги прави способни да чувствуваат, препознаваат и споделуваат.
Изложбата се развива низ два меѓусебно поврзани изразни сегмента (сликарски и концептуален) кои што комплементарно се надополнуваат. Сликите создаваат свет на препознатливи форми со широко симболично значење додека инсталацијата од огледала во во галерискиот простор претставува своевиден мост помеѓу материјалното и нематеријалното, помеѓу интимното доживување и бесконечноста на неговите можни одрази…

Македонски



