
Во текот на ноќта, крајбрежната служба на Грција интервенирала во спасување на вкупно 549 мигранти, кои со десет чамци биле откриени во морскиот дел јужно од грчките острови Гавдос и Крит, а сите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од грчката крајбрежна служба мигрантите биле спасени во осум одделни операции, што започнале кусо по полноќ, при што во две од акциите биле забележани по два чамци, а речиси сите чамци бие откриени од воздушни средства или беспилотно летало на силите на Фронтекс.
Пет од операциите биле во близина на Крит, а останатите три кај малиот остров Гавдос, што е најјужната точка на Грција и Европа.
Во чамците се пренесувале меѓу 36 и 50 лица, со исклучок на два во кои имало 80 и 102 мигранти.
Спасените биле безбедно пренесени на пристаништата на двата острови.

Македонски



