Skip to main content

Силни емоции и врвна драматургија на премиерата: Овации за „Црно злато“ во МНТ!

Синоќа на сцената на Македонскиот народен театар „Црно злато“ на Дејан Дуковски ја доживеа својата премиера.

Десетта премиера на Дуковски во МНТ, црна комедија за семејството, минатото, парите и илузиите од кои понекогаш е невозможно да се избега.

Во режија на Слободан Унковски, со извонредна актерска екипа: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска, Гораст Цветковски и Аксел Мехмет, „Црно злато“ отвора ново поглавје во македонската драматика, посветено на големиот учител Горан Стефановски.

Авторот, режисерот и сите кои го создадоа ова сценско дело вечерва добија опиумски аплауз.

Поврзани вести