
Уште една убава вест за документарниот филм „Water Paradises in Europe – Lake Ohrid“, во чија реализација имав задоволство да учествувам како извршен продуцент и координатор на снимањето во Македонија, објави режисерот Илија Пиперковски.
По неодамнешната проекција на фестивалот ЕХО во Скопје, филмот го продолжува својот фестивалски пат во Германија!
NATOURALE 2026 – Визбаден, Германија
5 декември 2026 година
Murnau Filmtheater
Ова е филм за едно езеро што преживеало милиони години. За неговиот неповторлив жив свет, за тајните што ги чува под површината и за цивилизациите што оставиле траги на неговите брегови.
Но, пред сè, ова е филм што нè потсетува колку е голема нашата одговорност да го зачуваме тоа што сме го наследиле.
Искрени честитки до режисерката Cornelia Volk и до целиот продукциски тим!
Особено ме радува што приказната за Охридското Езеро продолжува да патува низ Европа, да допира до нова публика и да ја пренесува убавината и значењето на нашето природно и културно наследство.
А јас со нетрпение ја очекувам и нашата средба со охридската публика во јуни!
Некои приказни заслужуваат да ги слушне целиот свет. Охридското Езеро е една од нив.

Македонски



