
Во дерби натпреварот од 12. коло во македонската Суперлигата, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа ГРК Охрид на домашен терен со 27-24.
Натпреварот во исполнетата сала „Боро Чурлевски“ беше израмнет од самиот почеток и влезе во неизвесна завршница кога на пет минути пред крајот, при резултат 22-22, Пелистер со голот на Хакбарт поведе со 23-22. Веќе во следниот напад домашниот тим преку Граховац ја зголеми предноста на 26-24 и извојува важна победа со која се искачи на третото место на табелата со 19 бодови, колку што има и ГРК Охрид место подолу.
Еурофарм Пелистер до победата го предводеше Кузмановски со 11 голови, колку што на спротивната страна постигна и Мате.
Голманот на битолскиот состав Хеидаридад запиша пет одбрани, сите во решавачките завршни минути од натпреварот.

Македонски



