
Младиот фудбалски бисер на Баерн Минхен и германската репрезентација, 18-годишниот Ленарт Карл, веќе го привлекува вниманието на фудбалската јавност. Иако е на самиот почеток на кариерата, талентираниот офанзивец добива сè поголема доверба и минутажа во дресот на баварскиот гигант.
Но, зад неговиот брз подем се крие и приказна за целосна посветеност на фудбалот. На средба со навивачите, Карл доби прашање што би работел доколку не станел професионален фудбалер. Неговиот одговор беше искрен, но и прилично неочекуван.
„Како што знаете, секогаш сум искрен и зборувам од срце. Признавам, немав план Б, за мене постоеше само план А. Родителите ми велеа дека морам да го завршам училиштето, но јас не сакав. Секој ден станував со една желба – да играм фудбал. Не знам што друго би работел. Искрено, не сум некој премногу паметен човек. За среќа, успеав во фудбалот“, изјави Карл, а неговите зборови ги пренесе германскиот „Билд“.

Македонски




