
Цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија ќе остане непроменета до крајот на годинава, но сè уште нема гаранции дека истото ќе важи и од 1 јануари 2027 година.
Премиерот Христијан Мицкоски на 16 октомври изјави дека Владата ќе се залага цената да остане непроменета и по Нова година, но конечната одлука ќе зависи од понудите на енергетските компании и од Регулаторната комисија за енергетика.
Во меѓувреме, започна разгледувањето на трошоците и барањата на енергетските компании за регулираниот период што почнува на 1 јануари 2027 година. Дали граѓаните ќе се соочат со поскапа струја од почетокот на следната година ќе стане појасно по завршувањето на регулаторната постапка и донесувањето на одлуката за новите цени.

Македонски

