Skip to main content

Излезноста во Брвеница до 11 часот е 9,11 отсто

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 11 часот гласале 1.480 избирачи, што претставува излезност од 9,11 отсто, информираше Државната изборна комисија (ДИК).

Во општината право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

Гласањето започна во 7 часот и треба да трае до 19 часот.

Поврзани вести