Skip to main content

Девет од 13 операции биле непотребни, Кедев бара институциите конечно да реагираат

Интервентниот кардиолог Сашко Кедев повторно побара институциите да реагираат и да спроведат контроли во приватните болници по случајот со сомнителните кардиохируршки интервенции, оценувајќи дека наодите не смеат да останат без институционален одговор.

Во синоќешното гостување во „24 Анализа“, Кедев истакна дека здравствените власти се запознаени со резултатите од анализата, но и натаму не преземаат контроли во приватните здравствени установи, што според него е недозволиво.

Сомнежите на Кедев добија потврда и од странски здравствени експерти, кои во девет од вкупно 13 анализирани случаи утврдиле дека кардиохируршките операции биле непотребни.

Во меѓувреме, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека ги завршил интервјуата во Агенцијата за национална безбедност за добивање безбедносен сертификат и очекува наскоро да добие пристап до досието за случајот.

Клековски претходно објасни дека без соодветниот сертификат нема можност да ја разгледа документацијата за случајот, кој бил предмет на расправа на затворена седница на Владата. По добивањето пристап до досието, министерот треба да се запознае со извештајот, по што се очекува да следуваат понатамошни чекори.

Поврзани вести