Skip to main content
ПОРАЗ ВО СИНСИНАТИ

Ноле повраќаше на терен, влагата беше посилна од противникот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен од аргентинскиот тенисер Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6 и го заврши учеството на тенискиот турнир во Синсинати.

Новак ги тестираше силите на противникот во првите пет гема, а потоа конечно го скрши отпорот на Аргентинецот во шестиот. Му се закани на Тиранте во продолжението од првиот сет, но немаше доволно квалитет за да ги искористи можностите за брејк.

Се чинеше дека го гледаме Новак од неговите најдобри денови на теренот на Синсинати, но неговото тело повторно го издаде. Во третиот гем од вториот сет, кој траеше дури 18 минути, Новак беше целосно исцрпен. Следеше медицински брејк. Тиранте го искористи овој момент на слабост на српскиот тенисер на најдобар можен начин, направи брејк, а потоа со експресни гема го заврши вториот сет во своја корист.

Новак се бореше во третиот сет, но и покрај големиот труд, не успеа да го достигне нивото на игра од првиот сет, па Аргентинецот победи без многу проблеми.

Поврзани вести