
Македонската кошаркарска репрезентација во четврток од 18 часот ја очекува дуелот со Кипар, втор во рамките на вториот претквалификациски циклус за пласман на Евробаскетот 2029. Ова ќе биде прв натпревар во овој циклус на домашен терен.

– Целта ни е да победиме. Сметам дека сме поквалитетна репрезентација од Кипар, но тоа треба да го докажеме на терен. Се надевам на полна сала. Со оглед на тоа што победија против селекцијата на Австрија, се работи за добар тим. Имаат нова репрезентација, но не очекувам изненадување на овој натпревар во Скопје. Сега сите сме во тренажен процес. Се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе извојуваме победа со што поголема разлика, на радост на македонската публика, изјави репрезентативецот Виктор Ташовски.

На првиот дуел македонската репрезентација на гости постигна победа над Австрија со 91:59 на гости, додека Кипар на домашен терен ја победи Австрија со 77:72.
Македонските кошаркари ја посакува втората победа во претквалификациите, а поддршката од трибините во салата „Лазар Лечиќ“ може да биде дополнителен мотив за ново успешно издание.


Македонски




