Skip to main content

Риера: Не дојдов во Црвена звезда затоа што сум убав туку да освојувам трофеи

Фудбалскиот клуб Црвена звезда го претстави новиот тренер Алберт Риера на конференцијата на стадионот „Рајко Митиќ“.

Беше исклучително интересно, а ние ви ги даваме сите одговори на Риера на бројни прашања:

Не дојдов тука затоа што сум убав – туку за да ги постигнам резултатите што ги заслужува овој клуб. Ако не сте подготвени за критики, не треба да играте модерен фудбал. Кога имате проблем, прифатете го и решете го. Не можете да го решите ако не го прифатите. Знам каков е моментот. Не зборувам за проблеми, само за решенија. Можеме да се промениме – да бидеме во Лигата на Европа. Тоа е решението. Двата најважни натпревари се пред нас, против Викторија Плзењ. Мора да се фокусираме. Играчите мора да се подобрат, тимот мора да игра подобро, па следната сезона ќе бидеме во Лигата на шампионите – рече Ријера.

Поврзани вести