
Шампионот на Англија Арсенал е освојувач на Комјунити Шилд (Супер куп на Англија) откако попладнево го победи Манчестер Сити со 3:0.
Актуелниот првак Арсенал победата ја најави со голот на Рикардо Калафиори во 1.минута (24 секунда) што беше најава за освојување на пехарот. Кај Хаверц во 28.минута зголеми на 2:0 за Арсенал.
На стартот на вториот дел „топџиите“ ги поставија конечните 3:0 во 48.минута со голот на Мартин Одегард, по втората асистенција на Христос Цолис.
Комјунити Шилд натпреварот е најава на почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига, која ќе стартува во петок со натпреварот на Арсенал и Ковентри.

Македонски


