Skip to main content

Суперкомпјутерот пресмета дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата

Суперкомпјутерот „Опта“ ги ажурираше своите предвидувања за крајот на сезоната во Премиер лигата.

По вчерашната победа над Ливерпул со 1:0, Арсенал се искачи на првото место на табелата, три бода пред Манчестер сити.

Шансите на Арсенал да ја освои титулата според „Опта“ се зголемија од 40,6% на 68,2% за две недели. Сити е втор со 18,9% шанси да го освои трофејот, додека Брајтон (6,9%) ги заокружува првите три.

По нив се Ливерпул (3,1%), Челзи (1,5%), Борнмут (0,4%) и Астон вила (0,3%).

Поврзани вести