Skip to main content

РК Охрид освои уште еден трофеј

 Ракометарите на Охрид со минимален триумф против Вардар во финалето на турнирот во Струга го одбранија трофејот освоен минатата година. Охриѓани финалето го добија со 31:30.

По натпреварот, тренерот Борис Ројевиќ не го криеше задоволството од прикажаното и вели дека е убаво кога вака ќе се тргне во сезоната.

Одличен турнир за нас, го победивме шампионот. Добро е сезоната да се почне со победи затоа што тоа носи верба во работата и во тимот. Имавме добри 60 минути, добар е триумфот за самодовербата. Сега ни следи турнирот во Охрид, па Регионалната лига, изјави Ројевиќ.

Охрид ја има улогата на домаќин на турнирот што од вторник до сабота ќе се одржува во Охрид, додека со Вардар првиот официјален натпревар сезонава ќе го играат на 2.септември. Тоа ќе биде дуелот од Супер купот во организација на РФМ

Поврзани вести