Skip to main content
WbOx6TLnIzE

Во судир на два патнички воза во Прага повредени 34 луѓе

Во судир на два патнички воза утрово во близина на Главната железничка станица во Прага, повредени се 34 патници, од кои неколкумина се здобиле со тешки повреди и се пренесени во болници во Прага, соопштија железничката администрација и Службата за итни случаи во чешката престолнина.

Два локални воза се судрија челно околу 7 часот наутро на железнички надвозник над прометна улица во центарот на Прага во близина на Главната железничка станица.

Поради фактот што возовите таму возат многу бавно, оштетен е само предниот дел од двете локомотиви.

Министерот за транспорт Иван Беднарик објави дека сите патници се евакуирани од двата воза и дека истрагата за околностите и начинот на несреќата ја спроведува Железничкиот инспекторат. (МИА)

Поврзани вести