
Боксерот Тајсон Фјури се присети дека го слушнал радиото како му зборува и го молел Париз да го извади од болница бидејќи „Илуминатите“ сакале да го спречат.
Во периодот по неговата победа над Кличко, Фјури се здебелил и се борел со зависност од дрога и алкохол.
„Стигна до точка каде што слушав гласови во главата. Не можев да седнам и да разговарам со никого бидејќи слушав секакви работи во главата. Не знаев кому да се обратам и никој не знаеше што да прави. Навистина ми требаше помош, требаше да одам на рехабилитација или нешто слично“, рече Фјури.
„Со години немав одмор од тоа. Сакав повторно да бидам нормален, онаков каков што замислував дека треба да биде нормален човек“, додаде тој.

Македонски




