
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност, соопшти дека е спречена катастрофа во Виничко. Запалена била трева при сечење со брусилица.
Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. Голема благодарност до пожарникарите и апел до сите мајстори коишто работат со алат кој искри. Мајстори, бидете внимателни, доволна е искра за вистинска катастрофа. Овде катастрофата не настанала бидејќи ја спречиле пожарникарите, но што доколку огнот се проширил уште понатаму од оваа сува трева? Насекаде наоколу имаме куќи, имаме викендици, лозја и овоштарници. Доволна е искра за вистинска катастрофа – сподели тој на Фејсбук.

Македонски


