
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека жена треба да ја преземе контролата врз раководното тело на светскиот фудбал.
Блатер, кој беше на чело на ФИФА од 1998 до 2015 година, ја посочи претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка, Лизе Клавенес, како најдобар кандидат да го наследи актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, кој е критикуван поради неговиот план да привлече приватни инвеститори во организирањето на светските првенства во иднина.
„Лизе Клавенес заслужува многу почит. Таа е единствената која отсекогаш имала многу јасен став. Мислам дека сега е вистинско време жена да ја преземе ФИФА“, објави 90-годишниот Блатер на социјалните мрежи.
Четириесетипетгодишната Клавенес е на чело Норвешката фудбалска асоцијација од март 2022 година, што се совпаѓа со почетокот на подемот на норвешкиот фудбал и успехот на машката репрезентација која на неодамнешното Свтеско првенство прв пат во својата историја стигна до четвртфиналето.
Поранешна норвешка репрезентативка со 73 настапи и девет постигнати голови во националниот дрес, Клавенес дипломираше право откако ја заврши својата фудбалска кариера.
Во април оваа година, Клавенес ја повика ФИФА да му ја одземе контроверзната награда за мир, која Џани Инфантино му ја додели на американскиот претседател Доналд Трамп неколку месеци претходно.

Македонски


