
Нуклеарната електрана Кршко (НЕК) во Словенија соопшти дека поради продолжувањето на исклучителните хидролошки и метеоролошки услови на реката Сава, од полноќ ќе почне да работи со 80 проценти од моќноста на реакторот.
Нуклеарната централа Кршко работи сигурно од завршувањето на ремонтот во ноември 2025 година и денеска оствари 280 дена континуирано работење. Поради продолжувањето на исклучителните хидролошки и метеоролошки услови на реката Сава, НЕК, како што е најавено, на 6 август, ќе започне со постепено намалување на моќноста на реакторот. Во првиот чекор, моќноста ќе се намали на 80 проценти“, се наведува во соопштението на НЕК.
Последниот пат кога нуклеарната централа работеше со намалена моќност поради ограничувања поврзани со температурата и протокот на реката Сава беше во 2003 година, кога моќноста беше намалена повеќе од 90 дена.
НЕК најави дека доколку сегашните хидролошки и метеоролошки услови продолжат и дополнително се влошат, Кршко ќе продолжи дополнително да ја намалува моќноста на реакторот.
Кршко покрива околу 20 проценти од енергетските потреби на Словенија и околу 16 отсто од потребите на Хрватска.

Македонски


