
Романската армија подготвува нова минирачка акција на карпи во Дунав за да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа Чернавода, која се соочува со сериозни проблеми поради сушата, која предизвика драстично намалување на нивото на реката.
Едниот реактор веќе е исклучен пред шест дена, додека другиот, според локалните медиуми, е на работ на затворање.
Првата минирачка акција, спроведен на 2 август, не ги донесе очекуваните резултати, па властите сега планираат да потонат неколку баржи натоварени со камења, тешки околу 500 тони, со цел да го променат протокот на вода.
Во исто време, поради ниското ниво на водата на Дунав, во Унгарија расте загриженоста за работата на нуклеарната централа Пакш, која исто така би можела да се соочи со затворање.

Македонски


