
Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко.
Аргентинецот, кој во Лондон доаѓа од француски Стразбур, со „сините“ потпиша седумгодишен договор. Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети.
Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега има пет настапи во националниот дрес на кои постигна два гола.
Претходно, Челзи ги доведе и англискиот крилен играч Морган Роџерс од Астон Вила, францускиот дефанзивец Максенс Лакроа од Кристал Палас, италијанскиот дефанзивец Марко Палестра од Аталанта и искусниот напаѓач Дани Велбек од Брајтон.

Македонски


