Skip to main content

Македонците се враќаат од продолжениот викенд: Гужви на границите, чекање и преку два часа

Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива непречено по суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија.

На граничните премини има подолги задржувања поради зголемен интензитет на сообраќајот. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП Пелинце (Прохор Пчињски) задржувањето за влез е околу еден час, додека за излез околу 20 минути.

На ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, а на ГП Дојран се чека околу 30 минути во двата правци. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести