Skip to main content

Њукасл плати 32 милиони евра за чешкиот голман Лукаш Хорничек

Instagram / l_hornicek91

Премиерлигашот Њукасл договори трансфер на чешкиот голман Лукаш Хорничек од Брага за сума од 32 милиони евра.

Дваесетичетиригодишниот Хорничек веќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот на Њукасл во Шпанија каде официјално ќе потпише петгодишен договор, објавија британските медиуми.

Последните неколку дена беа емотивен ролеркостер откако првпат слушнав за овој трансфер, а сега сум многу среќен што сум тука. Ова е одлична можност во нова лига, што ме прави многу возбуден“, изјави чешкиот репрезентативец.

Минатата сезона, Хорничек и помогна на Брага да дојде до полуфиналето во Лига Европа со рекордни седум натпревари без примен гол во натпреварувањето.

Знам дека Њукасл е огромен фудбалски град, со 52.000 навивачи на Сент Џејмс Парк кои создаваат неверојатна атмосфера и го туркаат тимот на секој натпревар. Едвај чекам да играм пред нив“, додава Хорничек за клупскиот сајт на Њукасл.