Skip to main content

Пожар од големи размери на југот на Албанија

МВР на Албанија

Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична.

Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на бројни противпожарни сили, државната полиција, вооружените сили, локалните служби и три хеликоптери, два „Кугер“ и еден „Блек хоук“, наведува Ламарали.

Тој  ги повика жителите да ги почитуваат упатствата на властите и да избегнуваат каква било акција што би можела да создаде дополнителен ризик.

Во меѓувреме во земјата пожари се гаснат во повеќе места, но најсериозна е состојбата кај планината Дарда, потоа кај Либражд, Малакастар и Балш. 

Поврзани вести