Skip to main content

Вучиќ за иницијативата на американски конгресмени: Ќе се бориме против интеграцијата на Косово во НАТО

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ја иницијативата на американските конгресмени за интегрирање на Косово во НАТО, изјави дека ќе се бори да го спречи тоа да се случи.

„Тие го направија тоа и преку Хрватска, преку воениот сојуз и Албанија, кои веќе се членки на НАТО. Наскоро ќе имаме важни вежби со нив, разговараме со нив, се надеваме дека тоа нема да се случи“, изјави Вучиќ.

Тој потсети дека има четири членки на НАТО кои не го признале Косово и дека не гледа како тоа би можело „лесно да помине“.

Американските конгресмени Кит Селф, Ричи Торес и Мајк Лолер презентираа резолуција во Претставничкиот дом со која изразуваат силна поддршка за интеграција на Косово во НАТО.
Како што е оценето, вклучувањето на Косово во НАТО би можело да придонесе за спречување на посериозни безбедносни последици на Балканот.

Четири членки на НАТО – Грција, Романија, Словачка и Шпанија – не го признаваат Косово, што, поради принципот на консензус, го отежнува неговото вклучување во програми како што се Партнерството за мир и Акцискиот план за членство.

Поврзани вести